Pages

13. Компјутерски вируси

1. Компјутерски вируси се штетни компјутерски програми кои без знаење и желба на корисникот се инсталираат на компјутерот и прават штета на останатите програми.
2. Штетата може да биде:
  • бришење податоци,
  • полнење на компјутерската меморија,
  • рестартирање на компјутерот,
  • прикажување на пораки на екранот,
  • неможност да се стартуваат оперативниот систем или  програмите
  • крадење на податоците (лозинки, броеви на кредитни картички и сл.)
3. Видови штетни програми според начинот на кој се пренесуваат и активираат и штетата која ја прават се:
  • вируси,
  • црви, 
  • тројански коњи и
  • шпиони.
4. Штетни програми се пренесуваат преку:
  • Интернет - симнување податоци и програми, отварање пораки и сл
  • користење заразен мемориски уред како CD, DVD, USB стапче и др.
5. Од штетните програми компјутерот се штити со антивирусни програми кои редовно треба да се надополнуваат – апдејтираат со информации за најновите вируси.

12.Компјутерска култура и етика


ПОТРЕБАТА ОД ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ
Во секојдневниот живот, луѓето постојано се наоѓаат во ситуации при кои користат исти простории, делат заеднички предмети или имаат потреба да слушаат и гледаат исти случувања
заедно со други луѓе.
Ова се случува во продавниците, во библиотеките, во рестораните, на автобуските станици, во кино салите, во училиштата, па и во домовите. За секој човек да го направи, научи, види, прочита, слушне или добие она што го сака, потребно е културно однесување на секој од нас.

Културното однесување подразбира почитување на правила на однесување за одредено место или почитување на правила за користење на заеднички предмети и уреди.
Кога не се почитуваат правилата многу често се случува некој да не го добие она што му е потребно, да биде повреден или навреден или да бидат уништени предмети и уреди кои се заеднички. Некои правила се напишани и истакнати на видни места, а некои не се напишани, но се исто толку важни како и напишаните.

Компјутерската етика претставува збир на правила кои ги подучуваат луѓето како да се однесуваат коректно кога користат компјутер.

Едно од најважните правила кое луѓето треба да го почитуваат е правото на секој човек на сопственост и приватност.

А сега размисли, одговори и објасни:
• Дали е убаво да се уништуваат туѓи предмети?
• Дали е правилно да се читаат или кинат туѓи писма, дневници, споменари?
• Дали сакаш тебе тоа да ти се случува?
• Дали сакаш во библиотека да ја пронајдеш книгата која ти е потребна и која некој што ја
позајмил требало да ја врати?
Сигурно можеш да наброиш голем број вакви примери.



ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ВО КОМПЈУТЕРСКА УЧИЛНИЦА
1. ПРЕД ДА ВЛЕЗЕШ ВО УЧИЛНИЦА ПОЧЕКАЈ ДА ИЗЛЕЗЕ И ПОСЛЕДНИОТ УЧЕНИК ОД ПРЕТХОДНОТО ОДДЕЛЕНИЕ.
2. ВЛЕЗИ ТИВКО И БЕЗ ТРЧАЊЕ.
3. ОСТАВИ ГО РАНЕЦОТ, ЈАКНАТА И ОСТАНАТИТЕ ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ НА ОДРЕДЕНОТО МЕСТО.
4. СЕДНИ НА СВОЕТО ОДРЕДЕНО МЕСТО.
5. ЧЕКАЈ ИНСТРУКЦИИ ЗА РАБОТА.
6. НЕ ЈАДИ, НЕ ПИЈ И НЕ ФРЛАЈ ЃУБРЕ ВО УЧИЛНИЦАТА.
7. КОМПЈУТЕРОТ НЕ Е ТВОЈ ЛИЧЕН КОМПЈУТЕР И ЗАТОА:
• не ја менувај подлогата на оперативниот систем,
• не активирај програми - чувари на екранот со лични пораки,
• не симнувај од Интернет програми, слики и видео клипови на училишниот компјутер или на свој мемориски уред без дозвола,
• не се најавувај во компјутерот и програмите со туѓо корисничко име или лозинка. Тоа се лични податоци, не треба да ги кажуваш своите и да се обидуваш да ги дознаеш и злоупотребиш туѓите – почитувај го правото на сопственост и приватност,
• не бриши и не разместувај фолдери и фајлови кои не се твои,
• она што го работиш на часот снимај го во договорен фолдер,
• за сè што не ти е јасно и познато во текот на работата прашај го наставникот.
8. НЕ ГИ РАЗМЕСТУВАЈ КОМПЈУТЕРОТ И МОНИТОРОТ ПО МАСАТА.
9. ПРЕД КРАЈОТ НА ЧАСОТ ЗАТВОРИ ГИ СИТЕ ПРОГРАМИ СО КОИ СИ РАБОТЕЛ.
10. СВОЕТО СТОЛЧЕ ПРИБЛИЖИ ГО ДО КЛУПАТА.
11. ИЗЛЕЗИ ТИВКО И БЕЗ ТРЧАЊЕ.

Правилата треба да ги почитуваат СИТЕ кои ја користат училницата со компјутери

11. Работа со папки и датотеки

Папки и датотеки се начин на организирање на податоците со кои се

работи на компјутерот. Податоците прво се групираат во фајлови, а потоа

фајловите се подредуваат во фолдери. Нешто слично на предмети, фиоки

и шкафови. Кај различни оперативни системи работата со фајловите и

фолдерите може да се разликува.

Датотека (документ, File)

Датотека е множество податоци организирани во целина и зачувани на дискот или на друга надворешна меморија под заедничко име.

Датотеките ги разликуваме според името. Договорено е на крајот од името да се стави точка по која се додава наставка (extension) од три (може и четири) букви - име.наставка. 

Пример:   zivotno.bmp             matematika.doc             Tose.avi

Според наставката, разликуваме тип или формат на датотека.
Името на документот го става корисникот, додека наставката ја доделува програмата во која е изработен. 

Податоци од ист вид можат да бидат запишани во различен формат. Пример за неколку основни формати на документи:
-     текстови: txt (Notepad), doc (Word);  
-     слики: bmp (Paint), jpg, gif (Photoshop), cdr (CorelDRAW);
-     табели: xls (Excel).
-   музика mp3
-   видео: mpg, mpeg

Папка (Folder, директориум, именик)

Датотеките се организираат и чуваат во папки. Секоја папка има свое име. Во една папка може да има и други папки (потпапки). Но, во една папка не може да има две потпапки со исто име, ниту две датотеки со исто име.
Папките се организирани по систем папка-во-папка. Тој вид организација уште го нарекуваме стебло.

Работа со датотеки и со папки

Креирање нова папка
File --- New----- Folder

Именување датотека/папка
File ---- Rename

Бришење датотека/папка
File ---- Delete

Селектирање
За да се направи било која активност со папка или датотека таа мора прво да се обележи. Обележувањето се прави со лев клик на глувчето врз датотеката или папката.

Група на соседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се селектира првата датотека или папка од групата, се држи притиснато копчетоShift од тастатурата и лев клик врз последната датотека или папка.

Група на несоседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се селектира првата датотека или папка од групата, а останатите се селектираат со притиснато копче Ctrl од тастатурата и лев клик врз нив.

Отсекување и залепување
Edit ---- Cut       (Ctrl + X)
Edit -----Paste   (Ctrl + V)

Копирање и залепување
Edit ----Copy    (Ctrl + C)
Edit-----Paste   (Ctrl + V)

10. Работа со икони и прозорци

Работа со икони


  Означување 

   Поместување 

   Отворање икона 

Означување (обележување, селектирање)

Лев клик од глувчето на некоја икона, и таа ќе ја смени бојата. Тоа значи дека иконата е означена и дека со неа можеш да извршуваш акции и операции.
Со кликнување надвор од иконата се поништува означувањето.

Поместување (клик влечи и пушти)
Кликни на некоја икона и држејќи го левото копче од глувчето притиснато, движи се по екранот. Отпушти го копчето на новото место.

Отворање
Кога ќе кликнеш со левото копче од глувчето на некоја икона
таа ќе отвориш некоја икона, т.е. ќе премине во прозорец. Постојат и други начини:
· кликни еднаш лев клик на иконата за да ја означиш, а потоа притисни на копчето Enter од тастатурата;
·     кликни двапати едноподруго (двон лев клик) на иконата;
· со десен клик од глувчето ќе се појави помошно мени, и од тука избери ја наредбата Open.

Работа со прозорци 

а) активности со прозорци со помош на  копчињата  во насловната лента

X затварање прозорец

максимизирање на прозорец при што се прикажува на цел екран  или ако е максимизиран да се врати на димензиите што ги имал претходно

_ минимизирање прозорец во вид на копче во лентата со задачи



б) Активности со прозорци со помош на  глувче
- менување димензија 
- преместување



Елементи на прозорец

1. насловната лента (Title bar), која го содржи името на прозорецот.
 2. Копчиња за работа со прозорци - Minimize, Max­mize, (Restore),  Close.
3. лентата со менија (Menu bar). Менијата содржат листи со наредби и опции за работа со прозорецот. 
4. Лентата со алатки содржи икони на алатки што овозможуваат побрз пристап до наредбите и до опциите, со кликнување врз нив.
5. Лентите за движење (Scroll bar) овозможуваат движење низ содржината на прозорецот. Овие ленти ќе се појават само во случај кога не се гледа целосната содржина на прозорецот.
6.Работен простор




9. Апликативен софтвер

  1.  Според намената компјутерските програми се делат на:


Системски програми
   •Кориснички програми 


Корисничките те програми ги нарекуваме апликации . Тоа се програмите со кои работат корисниците на компјутерите. Такви се програмите за:


·     уредување текст,
·     цртање,
·     учење,
·     креирање презентации,
·     сурфање на Интернет,
·     играње,
·     слушање музика,
·     користење e-mail,
·     работа со податоци 


2. Според начинот на кој се достапни за корисникот компјутерските програмите можат да бидат:
  • продажни компјутерски програми кои може да се купат во
    продавници за софтвер или на Интернет 
  • бесплатни  компјутерските програми кои сопственикот ги нуди на бесплатно користење преку Интернет, во списанија, на CD.
3. Според условите под кои може бесплатно да се користат бесплатните
компјутерски програми може да бидат:
  • бесплатни програми со отворен изворен код – Open source,
  • привремено бесплатни програми (Shareware, Demo)
  • потполно бесплатно користење на софтверот, но често под некој услов, на пример користење за домашна употреба.(Freeware )
4. Според начинот на кој корисникот ги набавил и користи
софтверот тој може да биде:
  • легален - (лиценциран софтвер) - Кога се купува софтвер се купува правото на користење кое се вика лиценца.
Софтвер се купува:
·     од соодветна продавница,
·     преку сајт на Интернет,
·     од програмерска фирма.

  • нелегален (пиратски софтвер) - Софтверот кој се користи без лиценца (освен ако не е  бесплатен). Пиратеријата се казнува според закон.


8. Оперативен систем








Оперативниот систем е збир на програми кои му овозможуваат на корисникот работа со компјутерот т.е. со програмите, уредите и меморијата.
  • Оперативниот систем прв се стартува по вклучување на компјутерот и последен се затвора при исклучување на компјутерот.
  • Без оперативен систем компјутерот би бил неупотреблив уред.
  • На еден компјутер може да се инсталираат повеќе оперативни системи и тогаш корисникот може да избере со кој од нив ќе работи.
 Оперативни системи во употреба на персоналните компјутери денес се:
Windows
MAC OS X 
LINUX
UNIX



WINDOWSСопственик на оперативниот систем Windows е фирмата Microsoft. Верзии на Windows се: Windows 95, Windows 98, Windows Me, Windows NT, Windows XP, Windows Vista.






MAC OS XСопственик на оперативниот систем Mac OS X е фирмата Apple. Верзии на Mac OS X се Jaguar, Tiger, Panther и Leopard. Овој оперативен систем го користат Macintosh персоналните компјутери, иако тој може да работи и на PC-јата









LINUX Креатор на LINUX е финецот Линус Торвалдс во 1991 год. Лого на оперативниот систем е пингвинчетоТакс.

Овој оперативен систем е отворен за промени од корисниците и има бесплатни верзии на CD-a или со можност да се симнат од Интернет.












UNIX
е  оперативен систем кој често се моќенкористи за работа на сервери но и на персонални компјутери . Тој е најстариот оперативен систем кој сеуште е во ширика употреба.






КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОПЕРАТИВНИТЕ СИСТЕМИ (ОС)













Денешните ОС се
 повеќе кориснички оперативни системи (multi user).
Тоа значи дека овозможуваат на еден компјутер во различно време да работат различни корисници со свои програми и податоци (своја околина). Секој корисник се најавува на оперативниот систем со свое корисничко име (user name) и лозинка (password).









Денешните ОС мултитаскинг оперативни системи (multi tasking).
Тоа значи дека овозможуваат компјутерот да извршува повеќе програми истовремено.





EЛЕМЕНТИ НА ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ


Десктоп
Лента со задачи
Икони
Прозорци


  ·   По стартувањето на оперативниот систем сликата која се прикажува на екранот се вика работна површина (Desktop).

·     Тенката лента која ги прикажува имињата на програмите и фолдерите со кои корисникот работи на компјутерот се вика лента со задачи (Taskbar).


·     Елементите распоредени по работната површина на оперативниот систем се викаат икони
Image result for desktop
    Тоа се мали слики со кои се претставени програми, фајлови или фолдери.

·     Содржината на иконата се прикажува во рамка која се вика прозорец.Прозорецот може да се отвори, минимизира, да му се променат димензиите или да се затвори.


Исклучување на oперативен систем
За да го затвориш оперативниот систем Windows, кликни на копчето Start,потоа од менито одбери го копчето Shut Down (или Turn Off Computer) и кликни на него.