Pages

19. ПЕЧАТЕЊЕ ДОКУМЕНТ . УРЕДУВАЊЕ НА СТРАНИЦА

ПОДГОТОВКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Крајната цел е уреден и отпечатен документ. 
Но, пред да се отпечати документот, треба да се уредат страниците:
- да се постават маргините, 
- форматот и ориентацијата на страниците и 
- да се нумерираат. 


Избор на печатар
Пред да се печати документот потребно е да се вклучи печатарот и да се провери дали во него има хартија. На еден компјутер може да има поврзано повеќе печтари и треба да се избере печатарот со кој ќе се работи.


Изглед на страницата 
Да го определиш изгледот на страниците во документот значи да ги определиш маргините, димензиите, положбата (ориентацијата), нумерирањето и другите елементи на страниците.

Поставување маргини и ориентација на страна
1 Повикај ја наредбата Page Setup од менито File.

  



2 Доколку не е активна картичката Margins, кликни на неа.
3 Ќе се отвори прозорец како на сликава.
4 Во првиот дел на Margins внеси ги вредностите за сите четири маргини:
Top – горната, Bottom – долната, Left – левата и Right – десната.
5 Во вториот дел – Orientation – одбери положба на страницата, т.е. дали сакаш да пишуваш по ширина (Portrait) или по должина (Landscape) на страницата.
6 Кликни на OK.


Формат и димензии на страницата

1 Повикај ја наредбата Page Setup од менито File.
2 Кликни на картичката Paper.
3 Ќе се отвори прозорец како на сликава.


4 Во делот Paper size одбери една од понудените димензии на страница или внеси вредности во полињата Width (ширина) и Height (висина).
5 Кликни на OK.


Печатење на документот

Доколку сакаш да ги отпечатиш сите страници од документот во еден примерок, доволно е да кликнеш на алатката (Print) од стандардната лента.
Можеш да ја повикаш наредбата Print од менито File, по што ќе се отвори прозорец од кој можеш да одбереш:
- кои страници да се отпечатат (Page range) и 
- во колку примероци (Number of copies).


Може да се отпрчати целиот документ или страници по избор.
ALL- Ако се печати целиот документ
Curent Page- се печати тековната страница
Pages- се печатат страници по избор
           
Ако во полето Pages  се запише   5-16    тоа значи дека ќе се отпечатат сите страници од 5 до 16.
Ако во полето Pages  се запише   5,16    тоа значи дека ќе се отпечати само 5 и 16 страница.

18. Работа со табели


Програмите за пишување овозможуваат уредување на текстот во табела.
Во табела може да се средат, на пример, лични податоци на ученици (име, презиме, одделение, дата на раѓање, домашна адреса и слично), податоци за распоред на часовите и слично.

Табелите се состојат од редици и колони. Пресекот на колона и
редица е правоаголник кој се вика клетка од табелата.




ПОСТАВУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ ТАБЕЛА ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ
Изгледот на табелата може да се уредува со избор на висина и ширина на колоните, поставување боја на подлогата во клетките, поставување на гранични линии со различен стил, дебелина и боја, спојување и разделување на клетки од табелата, додавање и бришење на редици и колони и сл.




Во програмите за работа со текст табели може да се постават со исцртување со соодветни алатки или преку наредби од менито.
Уредувањето на изгледот на табелите може да се прави преку алатки од соодветната лента за работа со табела или преку наредбите од менитоо за  работа со тебели


РАБОТА СО МЕНИТО ЗА ТАБЕЛИ
Со табели се работи преку менито Table (Табела).

Значењето на наредби од менито се:
1. Insert (Вметни) – внесување на табела со избор на број на редици и колони,
2. Delete (Избриши) – бришење на цела табела, селектирана редица, колона
или клетки од табелата,
3. „Split Cells“ („Раздели ќелии“) – разделување на избрана клетка на две или
повеќе клетки,
4. „Merge Cells“ („Спој ќелии“) – спојување на повеќе соседни клетки во една и други.


РАБОТА СО АЛАТКИТЕ ОД ЛЕНТАТА ЗА РАБОТА СО ТЕБЕЛИ
Поголемиот дел од наредбите во ова мени се претставени со алатки волентата со алатки „Tables and Borders“ (Табела). Многу брзо и лесно се креира и уредува изгледот на табела со алатките од лентата со алатки.

Функцијата на алатките од оваа лента со алатки е следна:
1. молив за цртање на табела со слободна рака,
2. гума за бришењена исцртани редици, колони или линии меѓу нацртаните
редици и колони во табелата,
3. алатка за избор на тип на линии во табелата,
4. избор на дебелина на линија,
5. избор на боја на линија,
6. избор на начин за исцртување на избраната линија,
7. боја на подлога на клетките во табелата,
8. избор на број на редици и колони во табелата,
9. спојување на селектирани редици или колони од табелата,
10. избрана клетка се дели на избран број редици или колони,
11. селектирание редици се поставуваат со иста широчина,
12. селектираните колони се поставуват со иста широчина,
13. вертикално испишување на текстот во клетката.

17. Цртање графички објекти. Додавање слики

Дали може да се црта во документот?

Цртање фигура во документот
Во документот можете и да цртате. Копчињата за цртање се наоѓаат, најчесто, на долниот дел на прозорецот на Word, во т.н. Лента за цртање


Функцијата на алатките од лентата за цртање е:
1. алатка за уредување на исцртаните објекти
– подредување, ротација и слично,
2. алатка за селектирање на еден или повеќе цртани објекти,
3. алатка AutoShapes со мени за цртање на објект според готова форма,
4. алатка за цртање права линија,
5. алатка за цртање стрелка,
6. алатка за цртање правоаголни форми,
7. алатка за цртање овални форми,
8. алатка за цртање рамка за впишување текст,
9. алатка за украсено испишување текст според понуден изглед,
10. алатка за цртање дијаграми,
11. кратенка за внесување слики од Clip Art,
12. кратенка за внесување слики од фајл,
13. алатка за избор на боја за подлогата на исцртаниот објект,
14. алатка за избор на боја на линијата со која е исцртан објектот,
15. алатка за избор на боја за текстот,
16. алатка за избор на дебелина на линија со која е исцртан објектот,
17. алатка за избор на тип на линија со која се црта објектот,
18. алатка за поставување на стрелки на исцртана линија,
19. алатка за поставување сенка на исцртан објект,

20. алатка за тродимензионално претставување на исцртан објект.




 Insert ---------> AutoShapes.

                                      
 Се отвора прозорецот AutoShapes со неколку палети на графички симболи.
 Кликнете на некоја палета, а потоа на симбол во палетата.
 Кликнете во документот на местото каде што сакате да го поставите симболот или формата.
 Држете го притиснато левото копче од глувчето
и влечете го по подлогата додека не ја постигнете саканата големина на симболот или формата.

Уметнички текст е текст со посебни ефекти, како: искосување, ротирање, сенка, различни стилови и големини на букви и слично.
Постапката за вметнување уметнички текст во документот е следна:
Кликнете на менито Insert ----------> Word Art 

Се отвора прозорецот Word Art Gallery,

 Кликнете на стилот којшто треба да го има текстот, а потоа на копчето.
Се отвора прозорец во кој се избира фонтот, стилот и големина на буквите со кои ќе се пишува текстот.




ПОСТАВУВАЊЕ СЛИКИ ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

Текстовите на која било тема секогаш се поинтересни и попривлечни за оној за кого се наменети ако во нив има и слики со кои се надополнува и нагласува значењето на текстот.

Корисникот може да поставува во документот готови слики од
галеријата на програмата или свои слики (цртани во некоја графичка програма, фотографии, слики од Интернет итн).

Слики од фолдери на корисникот се внесуваат со 
Insert → Picture → „From file“ 
(Вметнување → Слика → „Од датотека“) 


по што се избира локацијата на сликата која треба да се постави во документот.

16. Набројување

Набројување е начин на подредување на содржина во листа –список. 
Пред набројуваната содржина во листата може да се поставуваат редни броеви, букви или знаци.

При набројувањето може да биде битен редоследот на набројуваната содржина или набројуваната содржина може да биде со произволен редослед.
1. Ако редоследот на набројуваната содржина не е битен за набројувањето може да се користат знаци.
2. Ако редоследот на набројуваната содржина е битен за набројувањето може да се користат броеви или букви.
3. Содржината може да се набројува со комбинација на броеви (букви) и знаци.







Дали некогаш ви се случило да пишувате долг список со набројувањапод редни броеви и по азбучен редослед и на крајот да забележите дека сте испуштиле некој ред од почетокот на списокот? 
Треба да го препишувате целиот список и да ги менувате редните броеви на редовите од испуштениот ред па до крајот на списокот.





АВТОМАТСКО НАБРОЈУВАЊЕ


Затоа програмите нудат многу добро решение за овој проблем без да препишете ни знак од списокот - автоматско набројување. 

Автоматското набројување овозможува да се прават списоци во кои автоматски се поставуваат броеви на редовите. На овој начин може да се прават измени во списокот со додавање и бришење на редови, а броевите секогаш ќе бидат подредени.

















15.Пишување текст. Промена и корекција на грешки. Уредување на текст

ИСПИШУВАЊЕ ТЕКСТ
Текстот се испишува преку копчињата од тастатурата.
Некои од правилата при пишување текст се:
• испишувањето на знакот од тастатурата започнува на местото на курсорот (покажувач)– вертикална трепкачка цртичка,
• една голема буква се испишува со Shift + буквата,
• сите букви се испишуваат големи со вклучување на Caps Lock копчето,
• горниот знак на копчето се испишува со Shift + копчето,
• празно место помеѓу зборовите се остава со долгото копче – Space,
• во нов ред се преминува со копчето Enter
• низ текстот се движите и со копчињата за движење од тастатурата, означени со стрелките:  (налево),  (нагоре),  (надолу) и  (надесно), кои ја означуваат насоката на движењето.
• Tab - да го започнете параграфот, така што првиот ред да биде повлечен надесно.


                                          Image result for formatting toolbar
Избор на фонт 

Arial, Times New Roman, Helvetika, Verdana Macedonian Tms, Mac C Times и др.

Избор на  големина на фонт

Оваа големина на буквите е 9.
Оваа големина на буквите е 11.
Оваа големина на буквите е 16.
Оваа големина на буквите е 20.

Избор на стил на фонт 

Стилот на буквите во текстот може да биде:
задебелени букви (Bold - B),
коси букви (Italic - I) и
подвлечени букви (Underline - U).

Порамнување на текст

лево, во средина, десно, од двете страни

Боја на фонт

Најдолга река во Македонија е Вардар.
Најголем град во Македонија е Скопје.

Пелагонија е најголемата житница на Македонија.

Позадина на фонт

Најдолга река во Македонија е Вардар.
Најголем град во Македонија е Скопје.
Пелагонија е најголемата житница на Македонија.




Како да пишувате на кирилица?
Македонската поддршка се избира со:
• лев клик на иконата En во десниот дел од лентата, до часовникот и од менито што се отвора се бира Mk – македонска поддршка,
• со комбинација на копчињата Alt + Shift.

Копчиња за некои букви од македонската кирилица при работа со македонска поддршка се:
љ - q                  њ - w        џ - x          ѕ - y          ч - ;           ж - \       ѓ - ]                   ш - [          ќ - ‘


КОРЕКЦИИ ВО ТЕКСТОТ
Во реалниот живот секоја промена на рачно испишан текст или текст испишан со машина за пишување на хартија, обично бара повторно пишување на целиот текст.
Менувањето и корекциите на текстот со текст едиторот може да се прават онаму каде што е потребно и онолку често колку што е потребно и при тоа останатиот дел од текстот не трпи никакви промени. 
Поправките се прават со бришење на стар текст и/или вметнување на нов текст.

ПОЗИЦИОНИРАЊЕ ВО ТЕКСТОТ
Курсорот се поставува на потребното место во текстот каде ќе се прават промени. Поставувањето на курсорот на потребното место во документот се вика позиционирање во текстот. Позиционирањето на курсорот најчесто се прави со:
• лев клик на глувчето,
• стрелките за позиционирање (горе, доле, лево и десно),
• копчето Home од тастатурата за одење на почетокот од редот,
• копчето End за одење на крајот од редот.


СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ДЕЛОВИ ОД ТЕКСТОТ
Селектирање е означување или избирање на дел од текстот со кој ќе се работи (знак, збор, реченица, ред, пасус). 
Селектирањето се прави со: 
- лев клик со глувчето на почетокот од потребниот текстот
- влечи до крајот на текстот 
- пушти.


БРИШЕЊЕ
Користење на копчињата од тастатурата и наредбата од менито за бришење.
Бришење на знак или селектиран текст се прави со:
• BackSpace копчето за бришење знак лево од курсорот,
• Delete копчето за бришење знак десно од курсорот.
• Означете го текстот што сакате да го избришете. Притиснете го копчето Delete или Del.


Во зборот ИНФОРМАТИКА според позицијата на покажувачот со Backspace ќе се избрише буквата Р , а со  Delete ќе се избрише буквата М.


Отсечување, копирање и вметнување текст

Дел од текстот можеш да отсечеш или копираш и да го пренесеш на друго место во документот. 

Разликата меѓу отсечувањето и копирањето е во тоа што со отсечувањето текстот се отстранува од старото место и се пренесува на новото, додека, пак, со копирањето текстот останува на старото место и се пренесува на новото. Делот од текстот привремено се чува во меморијата и потоа се повикува и се прилепува на новото место.

Наредбите Cut (сечи) , Copy (копирај) и Paste (прилепи)
можеш да ги повикаш од стандардната лента со алатки, од
менито Edit, или со десен клик на означениот текст.

Копирање и вметнување текст - Copy-Paste

♦ Означи го текстот што сакаш да го копираш.
♦♦ Копирај го текстот со наредбата Copy. Означениот текст се
сместува во меморијата и истовремено останува на истото
место.
♦♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го копираш текстот.
♦♦ Вметни го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе го има
двапати.

Отсечување и вметнување текст- Cut-Paste
♦♦ Означи го текстот што сакаш да го пренесеш.
♦♦ Повикај ја наредбата Cut. Означениот текст се сместува во
меморија и го снемува од местото.
♦♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го пренесеш текстот.
♦♦ Вметни го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе се појави на новото место.


14. ПРОГРАМИ текст процесори

Најчесто користени кориснички компјутерски програми се прорамите за пишување на текст. 


Според можностите кои му ги нудат на корисникот програмите за работа со текст можат да бидат:

- текст едитори за пишување на кратки текстови 

 - текст процесори за пишување и уредување на подолги текстови.


Денес корисникот може да избира меѓу големиот број на различни програми текст процесори како Microsoft Office Word, Open Office Writer,  Corel WordPerfect, Apple iWork Pages и други. 

Сите тие му нудат на корисникот најразлични алатки со кои може да напише сé: од писмо, молба, оглас, соопштение, честитка, покана, апликација, до брошура, книга или веб страница.

Текст процесорите ги имаат сите можности од текст едиторите, но овозможуваат и форматирање на текстот. 


Форматирање

Форматирање е постапка при која се уредува изгледот на текстот. 

Уредувањето најчесто се прави со: 

- избор на фонт 

- стил

- големина 

- боја

- пишување во колони и редици 

- поставување на набројувања 

- поставување на рамки 

- внесување на слики и графички објекти

и слично.

                Image result for formatting toolbar in word



ФОНТОВИ
Фонт е начинот на испишување на знаците од азбуката во програма за уредување текст. Корисникот на програмата го избира фонтот со кој ќе се пишува текстот. Фонтовите имаат свои имиња. 
На пример: Times New Roman, Arial, Algerian, Comic Sans MS, Macedonian Tms и др. 
Еден фонт може да се пишува со различна големина. Знаците од еден фонт може да се пишуваат со различен
стил – задебелени, подвлечени, искосени.
               


 Околина на програмата за обработка на текст

Активирање на програмата се прави:
- преку преку икона  на апликацијата, доколку  постои на Desktop 
Image result for њорд
или


Start → All Programs → Microsoft Office → Microsoft Word.


Изглед на работен прозорец
Работниот прозорец на Word вообичаено е поделен на следните делови:




1. Мени на програмата.
2. Ленти со алатки за работа во програмата.
3. Работна површина на која севнесува текстот.
4. Панел за задачи.
5.Статусна лента која ја прикажува позицијата на курсорот во документот по страница, редица, колона.



Работа со документи

Работа со документ подразбира отворање, затворање, зачувување, печатење на документот и слично.


Во менито File се групирани наредбите за работа со документот.
             

 наредбите за работа со документот. може да ги најдеме и во Стандардната лента 
                      Image result for standard toolbar in word

Отворање нов документ
Нов документ можеш да отвориш со наредбата New
Отворање постоен документ
Постоен документ се отвора со наредбата Open
Зачувување на документот
Документот можеш да го зачуваш за подоцна повторно да го користиш – да го отпечатиш или преуредиш. Зачувај го документот почесто во текот на работата.
Документите се зачувуваат со наредбата Save и  Save as
Наредбата Save as се користи кога ќе сакаш да зачуваш некој документ под ново име или на нова локација.
Доколку документот веќе еднаш е зачуван (веќе има име и локација кај се наоѓа) се користи командата  Save за да се зачуваат само промените  што се направени .

Затворање на документот
Откако ќе завршите со работата на документот во Word , истиот го затворате на следниве начини:
од менито File одбери ја наредбата Close;
или

кликни на долното копче Image result for ицон цлосе

.


Поништување на извршените наредби
Доколку се направи некаква промена на документот, а потоа се заклучи дека таа е непотребна или погрешна, промената лесно може да се поништи. 
Последна промена може да се поништи со употреба на копчето Undo Image result for icon undo

или избор на тастерите Ctrl+Z од тастаура.




ПОСТАПКА  ПРИ КРЕИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТ
Кога се пишува текст со програма текст процесор наједноставно се добива саканиот изглед на текстот ако се оди по следниот редослед:
1. внесување на текстот,
2.едитирање на текстот - корекција на грешки, преместување, копирање,
пронаоѓање и замена на делови од текстот и на крај,
3. форматирање на текстот