Pages

38. Структура со повторување

При пишувањето на програмите многу често се јавува потреба од повторување на еден ист исказ повеќе пати. За да не се повторува пишувањето на исказот, во програмскиот код се користи структура за повторување која се вика циклус. Во зависност од начинот на кој функционираат постојат неколку видови циклуси.





Пример програма за фигура која игра на музика од тапани



Дали има наредби кои се повторуваат?  Колку пати?

Програмата може пократко да се запише и вака





                                       Циклус со услов


Во секојдневниот живот се сретнуваме со голем број на ситуации во кои одредена активност се повторува се додека одреден услов е исполнет:
- додека има тесто прави палачинки;
- додека не добиеш слободно бирај го бројот;
- додека има листови печати копии. 
Дали во овие ситуации однапред се знае бројот на палачинки, бројот на бирање на телефонскиот број или бројот на копии? Одговорот е - не.
При пишувањето на програмите многу често се јавува потреба од повторување на еден ист исказ повеќе пати. За да не се повторува пишувањето на исказот, во програмскиот код се користи структура за повторување која се вика циклус, петелка, јамка или loop.

Во зависност од начинот на кој функционираат постојат неколку видови циклуси (јамки). 

Циклус со услов




Циклусот се повторува сѐ додека условот е исполнет
Условот во циклусот може да биде споредбен или логички.


Ова е пример на програма со која една фигура ќе се движи сѐ додека не допре друга фигура. 



Вежба број 1: Напиши програма за пресметување на збир на непарните броеви од 101 до 1000. 





Вежба број 2: Напиши програма за внесување броеви. Броевите се внесуваат сѐ додека нивниот збир е помал или еднаков на 100. 






Задачи за вежбање: 

1. Изработи програма која од корисникот бара да ја внесува лозинката сѐ додека не ја внесе правилно.
2.Изработи програма за внесување броеви. Броевите се внесуваат сѐ додека нивниот збир е помал или еднаков на 100. 
3. Изработи програма која внесен број од корисникот го дели со два сѐ додека количникот e поголем од еден и ги испишува меѓу резултатите. 





Циклус ПОСТОЈАНО

Постојат голем број на ситуации од секојдневниот живот во кои одредена активност се повторува постојано(на пр. изгрејсонце и зајдисонце). 
Пример на програма со балерина која постојано менува маски.


Дали може фигурата-балерина постојано да танцува? Како? Анализирај го излезот.





Вежба 2: Програма со која текстот “информатика“ произволно ќе се движи и притоа постојано ќе ја менува бојата.




Вежба 3: Програма со која ако фигурата-дух се допре со покажувачот тогаш се менува неговата боја.





Вежба 4: Напиши програма за внесување броеви. Броевите се внесуваат сѐ додека нивниот збир е помал или еднаков на 100. Можно решение:






Вежба5: Програма: Цртање со боите на виножитото.
Во оваа програма се користи структурата повторувај - постојано (засекогаш)