Pages

7. ПРОЦЕСОР. МЕМОРИЈА

Делови во куќиштето






Процесор



                                 
Процесорот е уред кој ги обработува податоците и ги извршува програмите во компјутерот.

Карактеристики на секој процесор се :
-Производител
-Модел
-Брзина на работа 

На пример

Производител:                 Модел:                                      Брзина:
Intel                                  Q9300 Core 2 Quad                  2.5 GHz
AMD                                 Phenom 8750 Triple-Core         2.4 GHz
Брзина на работа на процесорот се изразува во единица мерка Гига Херц (GHz)




Меморија

Уредите за чување на податоците и програмите со кои се работи на компјутерот се викаат мемориски уреди.

Компјутерската меморија се дели на:
Внатрешната меморија - се чуваат податоците и програмите што се потребни за да може да работи процесорот. Постојат два вида внатрешна меморија: ROM и RAM.

Надворешна меморија- во неа можеме да запишеме податоци и програми.  Тоа се: магнетен или хард диск (hard disk), дискета (floppy disk), компакт диск (compact disc − CD) и дигитален видеодиск (DVD).

Главната меморија- ја сочинуваат тврдиот диск и RAM меморијата.

Помошна меморија- дискета, CD, DVD, USB меморија и сл.




ROM е меморија во која фабрички се запишани инструкции за работата на компјутерот. Овие инструкции се читаат први, веднаш по вклучувањето на компјутерот.
 

ROM меморијата го „буди“ компјутерот и контролира дали сите хардверски и софтверски делови се присутни, исправни и подготвени за работа. Ако не се, му испраќа на корисникот на екранот текстуални пораки или звучни предупредувања за проблемот. На пример, компјутерот не може да работи ако не се приклучени правилно тастатурата и глувчето.
 



RAM е работна меморија во која се сместуваат оние програми и податоци со кои во моментот се работи на компјутерот. Од големината на RAM меморијата зависи брзината на работа со програмите, како и бројот и големината на програмите со кои во исто време може да се работи на компјутерот.
Кога ќе се исклучи компјутерот од струја RAM меморијата се брише. Таа е меморија за привремено чување на податоците.

Тврдиот диск е мемориски уред поставен во куќиштето за трајно чување на програмите и податоците со кои се работи на компјутерот. Податоците и програмите сместени на тврдиот диск не се бришат по исклучување на компјутерот од струја. 

Тврдиот диск, RAM меморијата и процесорот меѓусебе си разменуваат податоци.



Магнетната дискета (floppy disk или diskette) е постар медиум за пренос на податоци кој веќе се исфрла од употреба поради малиот капацитет
од 1.44 MB.




Флеш меморијата е во вид на стапче –
стик. Се вика и USB меморија или флеш меморија. Денес сè повеќе се користи за пренесување податоци
поради малите димензии  и релативно големите капацитети.

 

CD-то може да биде :• само за читање - CD ROM,
• за читање и еднократно запишување - CD R,
•за читање и повеќекратно запишување - CD RW,

CD-ата обично се користат за чување на податоци, видео игри и музика.
 



DVD-то обично се користи за чување на видео податоци и филмови.