Текстот се испишува преку копчињата од тастатурата.
Некои од правилата при пишување текст се:
• испишувањето на знакот од тастатурата започнува на местото на курсорот (покажувач)– вертикална трепкачка цртичка,
• една голема буква се испишува со Shift + буквата,
• сите букви се испишуваат големи со вклучување на Caps Lock копчето,
• горниот знак на копчето се испишува со Shift + копчето,
• празно место помеѓу зборовите се остава со долгото копче – Space,
• во нов ред се преминува со копчето Enter
• низ текстот се движите и со копчињата за движење од тастатурата, означени со стрелките: (налево), (нагоре), (надолу) и (надесно), кои ја означуваат насоката на движењето.
• Tab - да го започнете параграфот, така што првиот ред да биде повлечен надесно.
Избор на фонт
Arial, Times New Roman, Helvetika, Verdana Macedonian Tms, Mac C Times и др.
Избор на големина на фонт
Оваа големина на буквите е 9.
Оваа големина на буквите е 11.
Оваа големина на буквите е 16.
Оваа големина на буквите е 20.
Избор на стил на фонт
Стилот на буквите во текстот може да биде:
задебелени букви (Bold - B),
коси букви (Italic - I) и
подвлечени букви (Underline - U).
Порамнување на текст
лево, во средина, десно, од двете страни
Боја на фонт
Најдолга река во Македонија е Вардар.
Најголем град во Македонија е Скопје.
Пелагонија е најголемата житница на Македонија.
Позадина на фонт
Најдолга река во Македонија е Вардар.
Најголем град во Македонија е Скопје.
Пелагонија е најголемата житница на Македонија.
Како да пишувате на кирилица?
Македонската поддршка се избира со:
• лев клик на иконата En во десниот дел од лентата, до часовникот и од менито што се отвора се бира Mk – македонска поддршка,
• со комбинација на копчињата Alt + Shift.
Копчиња за некои букви од македонската кирилица при работа со македонска поддршка се:
љ - q њ - w џ - x ѕ - y ч - ; ж - \ ѓ - ] ш - [ ќ - ‘
КОРЕКЦИИ ВО ТЕКСТОТ
Во реалниот живот секоја промена на рачно испишан текст или текст испишан со машина за пишување на хартија, обично бара повторно пишување на целиот текст.
Менувањето и корекциите на текстот со текст едиторот може да се прават онаму каде што е потребно и онолку често колку што е потребно и при тоа останатиот дел од текстот не трпи никакви промени.
Поправките се прават со бришење на стар текст и/или вметнување на нов текст.
ПОЗИЦИОНИРАЊЕ ВО ТЕКСТОТ
Курсорот се поставува на потребното место во текстот каде ќе се прават промени. Поставувањето на курсорот на потребното место во документот се вика позиционирање во текстот. Позиционирањето на курсорот најчесто се прави со:
• лев клик на глувчето,
• стрелките за позиционирање (горе, доле, лево и десно),
• копчето Home од тастатурата за одење на почетокот од редот,
• копчето End за одење на крајот од редот.
СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ДЕЛОВИ ОД ТЕКСТОТ
Селектирање е означување или избирање на дел од текстот со кој ќе се работи (знак, збор, реченица, ред, пасус).
Селектирањето се прави со:
- лев клик со глувчето на почетокот од потребниот текстот
- влечи до крајот на текстот
- пушти.
БРИШЕЊЕ
Користење на копчињата од тастатурата и наредбата од менито за бришење.
Бришење на знак или селектиран текст се прави со:
• BackSpace копчето за бришење знак лево од курсорот,
• Delete копчето за бришење знак десно од курсорот.
• Означете го текстот што сакате да го избришете. Притиснете го копчето Delete или Del.
Во зборот ИНФОРМАТИКА според позицијата на покажувачот со Backspace ќе се избрише буквата Р , а со Delete ќе се избрише буквата М.
Отсечување, копирање и вметнување текст
Дел од текстот можеш да отсечеш или копираш и да го пренесеш на друго место во документот.
Разликата меѓу отсечувањето и копирањето е во тоа што со отсечувањето текстот се отстранува од старото место и се пренесува на новото, додека, пак, со копирањето текстот останува на старото место и се пренесува на новото. Делот од текстот привремено се чува во меморијата и потоа се повикува и се прилепува на новото место.
Наредбите Cut (сечи) , Copy (копирај) и Paste (прилепи)
можеш да ги повикаш од стандардната лента со алатки, од
менито Edit, или со десен клик на означениот текст.
Копирање и вметнување текст - Copy-Paste
♦♦ Означи го текстот што сакаш да го копираш.
♦♦ Копирај го текстот со наредбата Copy. Означениот текст се
сместува во меморијата и истовремено останува на истото
место.
♦♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го копираш текстот.
♦♦ Вметни го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе го има
двапати.
Отсечување и вметнување текст- Cut-Paste
♦♦ Означи го текстот што сакаш да го пренесеш.
♦♦ Повикај ја наредбата Cut. Означениот текст се сместува во
меморија и го снемува од местото.
♦♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го пренесеш текстот.
♦♦ Вметни го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе се појави на новото место.