Pages

27. Логика и распределување + задачи



Логика 
Логиката е моќна како алатка која им овозможува на компјутерските програми да размислуваат за светот.

Ако имаме проблем претставен преку множество од ограничувања треба да се најде решение кое ги задоволува сите услови и ограничувања.
Кај други проблеми може да се зборува за исполнување на барем еден од дадените услови

Според тоа, можеме да користиме логика за да се провери дали се исполнети  сложени услови, од типот “А И B” (каде што мора да се исполнети и
двата услови A и B), или од типот “A ИЛИ B” (каде треба да е исполнет барем еден од двата услови).

Распределување
Балансирањето е стратегија која се спроведува во многу полиња. 
На пример, во политиката, државите се обидуваат да прават баланс на моќта. 
Кај компјутерите, постои распределба на процесите (задачите) кај секој процесор, со цел работата да биде соодветно поделена на фер начин и таа побрзо да се заврши.


Кај многу проблеми кои се среќаваат во реалниот живот, постојат огромен број на
начини да се направи распределба или да се дојде до решение. 
За да дојдеме побрзо до точното решение често се обидуваме да користиме алгоритми и други стратегии.
Притоа, многу е важно да се внимава на начинот на кој се применува одбраната
стратегија, и да се направат разни проверки со цел анализа на точноста на решение.



⟹⟹⟹Логички натпреварувачки задачи  со Логика и Распределување