Условот може да биде вистина или невистина.
Ако условот е исполнет се извршува некоја активност. Ако не е исполнет, активноста не се извршува, а може или немора да се изврши некоја друга активност.
Условот може да биде запишан со употреба на споредбени или логички оператори.
Најчести споредбени оператори се: = (кој е и оператор за до делување), <, >, <=, >=, <>(различно).
Пример: Услов запишан со споредбен оператор
“Ако светлото на семафорот е зелено помини ја улицата.“
„Ако цената на блузата е помала од 500 ден. купи ја блузата.”
„Ако имам лист хартија и молив ќе ти напишам порака. Инаку ќе ти пратам меил.“
„Ако имам велосипед или ролерки ќе одам во парк. Инаку ќе останам дома.“
И и ИЛИ се логичките оператори.
Пример ситуации од се којдневниот живот со логички услови.
1. Ако имам пари И ако продавницата е отворена ќе купам портокали.
2. Ако одам на пазар ИЛИ ако одам во продавница ќе купам портокали.
АКО-тогаш |
Ако условот е исполнет се извршува исказот, а ако не е не се прави ништо друго.
|
АКО-тогаш-инаку |
Ако условот е исполнет се извршува одреден исказ, а ако не е исполнет се извршува друг исказ.
|
Пример програми со структура со избор од две можности
СПОРЕДБДЕН ИЗРАЗ
Активност 1: Анализирај алгоритам за проблемска ситуација
во која се проверува точноста на за даден услов и се испишува соодветна порака
на екран.
Дискусија: Дали ги препознаваш исказите кои се
однесуваат на проверка на услов и донесување одлука?
Исказите заедно се нарекуваат условен блок.
Каде почнува, а каде завршува условниот блок?
Дали го препознаваш условот кој се проверува
во условниот блок?
Колку искази се напишани внатре во условниот
блок?
Дали исказот во условниот блок ќе се „помине“
ако условот не е исполнет?
Активност 2: Додади во програмата уште еден условен блок
Активност 3: Истата програма може да се запише на
следниот начин
Активност 4:
Анализирај го начинот на кој се запишани деловите од условниот блок во пример програмата.
Како се запишани внатрешните искази во блокот во однос на линијата за почеток и крај на блокот?
Како се запишани исказите во блокот еден во однос на друг?
Како се порамнети линиите за почеток и крај на блокот?
Активност5:
Напиши програма за делење на два броја. Ако вториот број = 0 тогаш тогаш отпечати “Делењето не е можно”
Инаку пресметај количник = прв број/втор број
Активност5:
Напиши програма за делење на два броја. Ако вториот број = 0 тогаш тогаш отпечати “Делењето не е можно”
Инаку пресметај количник = прв број/втор број
Активност6:
Изработка на едноставна
програма со условни наредби и примена на звук.