Желка графиката е компјутерска графика препознатлива по желчето кое се прикажува во прозорец на екранот и извршува наредби од типот: оди напред, сврти десно, сврти лево и сл. и на тој начин овозможува исцртување интересни форми на екранот.
За прв пат е воведена во 1970 год. како дел од едноставниот, но моќен програмски јазик Logo.
Желка графиката и денес е дел од некои програмски јазици.
За прв пат е воведена во 1970 год. како дел од едноставниот, но моќен програмски јазик Logo.
Желка графиката и денес е дел од некои програмски јазици.
Задача 1: Напиши програмата со која се исцртува квадрат.
Програмата може да се запише пократко со јамка со бројач:
Воочи: аголот на завртување е 360/4 = 90 степени
Задача2: Направи промена во програмата:
•За секоја линија од квадратот да биде друга боја користи ја операцијата за случајна боја !
•Каде ќе го поставиш исказот, во или надвор од циклусот? Објасни!
Што се случува ако блокот за случајна боја го вметниме во циклусот, а што ако е надвор од него???
Задача3: Нацртај рамностран триаголник со страна 80 и секоја страна да биде во различна боја!
•При изработка на програмата пред да почнеш со цртањето позиционирај ја желката/моливот на позиција (10,10) на етапата.
•потоа вметни ги блоковите за цртање на триаголник, со помош на циклусот со бројач!
•Воочи: рамностран триаголник со страна 100 = 3 исти страни со големина 100 чекори.
•Воочи: аголот на завртување е 360/3 = 120 степениЕдно можно решение би било:
Задача4: Обиди се со „управување“ на желката да ја испишеш првата буква од своето име!!
•Употреби го блокот за промена на големината и сенката на моливот!!
Пример:
Воочи:
•Чекорот на желката може да биде негативен (желката се враќа назад).
•Негативен може да биде и аголот на вртење. Кога е негативен, аголот на вртење е обратен од стрелката на часовникот.
Изработка на програми со желка графика
Постапка за цртање правилен n - аголник со желката:
Во програмата се дефинира бројот на страните.
Вкупниот периметар на n - аголникот се дели со бројот на страните за да се најде должината на една странаи на крај 360 се дели со бројот на страни за да се пресмета аголот меѓу две соседни страни.
Задача 5: Нацртај правилен 6-то аголник со периметар 500!!
На пример во оваа програма:
Се дефинира бројот на страните (6 страни)
Вкупниот периметар на 6-то аголникот (е 500) се дели со бројот на страните – 6 за да се најде должината на една страна и на крај 360 се дели со бројот на страни - 6 за да се пресмета аголот меѓу две соседни страни.
Се дефинира бројот на страните (6 страни)
Вкупниот периметар на 6-то аголникот (е 500) се дели со бројот на страните – 6 за да се најде должината на една страна и на крај 360 се дели со бројот на страни - 6 за да се пресмета аголот меѓу две соседни страни.
Задача6: Промени ја програмата да биде интерактивна, односно корисникот да внесува број на страни и периметар на правилниот n -аголник !!!
Задача7: Ако бројот на страните на n-аголникот е доволно голем желката ќе исцрта круг. Провери!
Задача8: Обиди се да ја промениш програмата со додавање на уште еден циклус со бројач за исцртување на серија n - аголници меѓусебнопоместени за одреден агол што се постигнува со промена на ориентација на желката за агол кој помножен со бројот на повторувања во надворешниот циклус (бројот на многуаголници) треба да биде 360.
На пример: (30- многуаголници *агол од 12 степени = 360 степени)
Пример:
Задача9: Направи програма со која ќе ја анимираш секоја буква од твоето име. Притоа секоја буква користејќи желка графика ќе исцртува линии во боја!
Како најлесно ќе ја завршиш задачата? Направи ја скриптата само за првата буква, а потоа ископирај ја за сите останати.
Единствено нешто што треба да смениш се координатите на секоја буква и бојата на моливот.