Pages

6. ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ

 












Периферни уреди се деловите од компјутерот кои се наоѓаат околу куќиштето.
 

Периферните уреди можат да бидат:
влезни - за внесување на податоците во компјутерот 
излезни - за прикажување на податоците и програмите обработени од компјутерот.

Влезните периферни уреди


 
•тастатура,
•глувче,
•скенер,
•микрофон
,•екрани осетливи на допир,
•видео камера и слично. 

Тастатурата е уред кој има повеќе од 100 копчиња за внесување на податоци вокомпјутерот.
Група копчиња:
-АЛФАБЕТСКИ (a,b,c,d..)
-НУМЕРИЧКИ(1,2,…)
-ЗА движење низ ЕКРАНОТ
-ЗА БРИШЕЊЕ (Back Space, Delete)
-ФУНКЦИСКИ (F1 – F12)
-СПЕЦИЈАЛНИ(Alt, Shift, Ctrl, Tab …)
-ENTER, Esc, Space и др. 


Глувчето е уред за покажување, избирање,преместување и активирање на објекти прикажани наекранот . Се состои од тело и копчиња: лево копче, десно копче и копче за движење горе доле по сликата на екранот.

Покажувач на глувчето Малата сликичка која на екранот го прати движењето на глувчето по масата се вика покажувач на глувчето. 

Функциите на копчињата на глувчето
 
ЛЕВ КЛИК – ИЗБОР НА ОБЈЕКТ
ДВОЕН ЛЕВ КЛИК – АКТИВИРАЊЕ НА ОБЈЕКТ
ДЕСЕН КЛИК – ОТВАРАЊЕ НА МЕНИ
КЛИК – ВЛЕЧИ ПУШТИ – ПРЕМЕСТУВАЊЕ ОБЈЕКТ НА ЕКРАНОТ


Микрофонот е уред за внесување на звучниподатоци (говор). 

Скенерот е уред за внесување на графички податоци прикажани на хартија. Според површината која се скенира, скенерите можат да бидат :
  • Деск скенери – за поголема површина (листови, книги,фотографии)
Рачни скенери – за мала површина (бар кодови ислично). 


Излезни уреди се:

•монитор,
•печатар,
•звучници и сл. 


Монитор
Предниот дел од мониторот се вика ЕКРАН.

 ВИДОВИ МОНИТОРИ

CRT монитори - со катодна цевка. Овие монитори се големи и тешки и се помалку се користат.
LCD монитори - со течни кристали. Тие се тенки, убави, лесни, зафаќаат помалку простор, користат помалку ел. енергија и имаат помало електромагнетно зрачење од CRT мониторите.


Монитори со екран осетлив на допир (touch screen) кои овозможуваат внесување на податоци во компјутерот со
притискање врз приказот на понудените податоци на екранот со прст наместо со глувче



Големината на екранот се мери дијагонално и сеизразува во единица мерка инч (inch–’’). 1’’=2.54 цм.
На пр. 9’’, 12’’, 20’’

Резолуција на екранот е бројот на точки (пикесли) вертикално и хоризонтално со кои е исцртана сликата на екранот. 
На пр. 1024х768

Печатар е уред за прикажување на податоците на хартија или фолија. Карактеристики на печатартите се:
• брзината на печатење на страници во минута
• квалитетот на отпечатеното
• потрошен материјал
• бучност


Видови печатари
  • Иглични
  • Инкџет
  • Ласерски

Звучниците и слушалките се уреди за пренос на звучните податоци до корисникот. 




Компјутерски систем- Маја Лошанска Тодоровска