Pages

5. КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ



ШТО Е СИСТЕМ?
Систем е целина од меѓусебно поврзани делови кои заеднички работат. На пример: систем органи за варење на храната, сончев систем, музички систем идр.

ШТО Е КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ?

КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ е целина од хардвер и софтвер.
Хардвер (Hardware) се машинските делови на компјутерот.
Софтвер (Software) се компјутерските програми.



 

Типичниот персонален компјутер се состои од следните хардверски делови:
1. куќиште – кутија од метал или тврда пластика во која се сместени главните делови на компјутерот,
2. монитор – уред кој прикажува слики и текстови произведени од компјутерот,
3. тастатура – уред преку кој се внесуваат податоци и инструкции во компјутерот,
4. глувче – уред кој овозможува избор и движење на елементи прикажани на екранот,
5. звучници – уред преку кој се слушаат звуци произведени од
компјутерот,
6. печатар – уред кој овозможува печатење на хартија на документите креирани на компјутерот.


Поделба на уредите кај персоналниот компјутер
1. Централен уред: куќиште
2. Периферни уреди: тастатура, глувче, монитор, звучници, печатар, камера, скенер, џојстик
3. Меморија


 Опис на изгледот на преден дел на вертикално куќиште
 
:
На предниот дел од куќиштето има:
• копче за вклучување на компјутерот во струја - Power,
• копче за рестартирање на компјутерот – Reset,
• предeн влезен дел од уредите за работа со дискета, CD или DVD,
• приклучоци (USB, за звучници - слушалки и слично),
• сијалички.

Опис на изгледот на заден дел на вертикално кукиште
На задниот дел на куќиштето вообичаено се наоѓаат различни приклучоци(порти). Тие служат за поврзување на периферните уреди со компјутерот.
Има приклучоци за тастатура, глувче, монитор, звучници, печатар, мрежен приклучок, струен приклучок, приклучоци за видео камера, веб камера, дигитален апарат, телефон и други. Најголем број од уредите за поврзување со компјутерот користат USB приклучок (тастатура, глувче, печатар, џојстик,
дигитален апарат и слично).

НАЈЧЕСТ ТИП НА ПРИКЛУЧОЦИ ЗА ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ КАЈ ПЕРСОНАЛЕН КОМПЈУТЕР
Најголем број од уредите за поврзување со компјутерот користат USB приклучок (тастатура, глувче, печатар, џојстик, дигитален апарат и слично). Побрз приклучок од USB e FireWire приклучокот . Го има на поновите компјутери.


НАЧИНИ НА ПОВРЗУВАЊЕ НА ПЕРИФЕРНИТЕ УРЕДИ СО КУКИШТЕТО 
Периферните уреди може да бидат поврзани сокомпјутерот жично и безжично.Познати начини за безжично поврзување наелектронски уреди се Infra red (Инфра ред),Bluetooth и други.Bluetooth е денес најчесто користен начин замеѓусебно безжично поврзување на различни уредисо компјутерот. 


БЛУТУТ НАЧИН НА БЕЗЖИЧНО ПОВРЗУВАЊЕ НА ПЕРИФЕРНИТЕ УРЕДИ СО КОМПЈУТЕРОТ 
Како Bluetooth безжични уреди денес може да работат тастатурата, глувчето и печатарот. Bluetooth уредите може да работат на растојание од 10 до 100 метри во зависност од уредот и може да пренесуваат податоци низ препреки како ѕид, маса, куферче и слично.

ИНТЕРЕСНО: Овој безжичен начин на поврзување е наречен по кралотна Данска од 10 век Harald Bluetooth.Тој многу сакал да јадеборовинки и забите секогаш му биле сини. 

Image result for bluetooth