Папки и датотеки се начин на организирање на податоците со кои се
работи на компјутерот. Податоците прво се групираат во фајлови, а потоа
фајловите се подредуваат во фолдери. Нешто слично на предмети, фиоки
и шкафови. Кај различни оперативни системи работата со фајловите и
фолдерите може да се разликува.
Датотека (документ, File)
Датотека е множество податоци организирани во целина и зачувани на дискот или на друга надворешна меморија под заедничко име.
Датотеките ги разликуваме според името. Договорено е на крајот од името да се стави точка по која се додава наставка (extension) од три (може и четири) букви - име.наставка.
Пример: zivotno.bmp matematika.doc Tose.avi
Според наставката, разликуваме тип или формат на датотека.
Името на документот го става корисникот, додека наставката ја доделува програмата во која е изработен.
Податоци од ист вид можат да бидат запишани во различен формат. Пример за неколку основни формати на документи:
- текстови: txt (Notepad), doc (Word);
- слики: bmp (Paint), jpg, gif (Photoshop), cdr (CorelDRAW);
- табели: xls (Excel).
- музика mp3
- видео: mpg, mpeg
Папка (Folder, директориум, именик)
Датотеките се организираат и чуваат во папки. Секоја папка има свое име. Во една папка може да има и други папки (потпапки). Но, во една папка не може да има две потпапки со исто име, ниту две датотеки со исто име.
Папките се организирани по систем папка-во-папка. Тој вид организација уште го нарекуваме стебло.
Работа со датотеки и со папки
Креирање нова папка
File --- New----- Folder
Именување датотека/папка
File ---- Rename
Бришење датотека/папка
File ---- Delete
Селектирање
За да се направи било која активност со папка или датотека таа мора прво да се обележи. Обележувањето се прави со лев клик на глувчето врз датотеката или папката.
Група на соседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се селектира првата датотека или папка од групата, се држи притиснато копчетоShift од тастатурата и лев клик врз последната датотека или папка.
Група на несоседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се селектира првата датотека или папка од групата, а останатите се селектираат со притиснато копче Ctrl од тастатурата и лев клик врз нив.
Отсекување и залепување
Edit ---- Cut (Ctrl + X)
Edit -----Paste (Ctrl + V)
Копирање и залепување
Edit ----Copy (Ctrl + C)
Edit-----Paste (Ctrl + V)