Дали може да се црта во документот?
Цртање фигура во документот
Во документот можете и да цртате. Копчињата за цртање се наоѓаат, најчесто, на долниот дел на прозорецот на Word, во т.н. Лента за цртање
Функцијата на алатките од лентата за цртање е:
1. алатка за уредување на исцртаните објекти
– подредување, ротација и слично,
2. алатка за селектирање на еден или повеќе цртани објекти,
3. алатка AutoShapes со мени за цртање на објект според готова форма,
4. алатка за цртање права линија,
5. алатка за цртање стрелка,
6. алатка за цртање правоаголни форми,
7. алатка за цртање овални форми,
8. алатка за цртање рамка за впишување текст,
9. алатка за украсено испишување текст според понуден изглед,
10. алатка за цртање дијаграми,
11. кратенка за внесување слики од Clip Art,
12. кратенка за внесување слики од фајл,
13. алатка за избор на боја за подлогата на исцртаниот објект,
14. алатка за избор на боја на линијата со која е исцртан објектот,
15. алатка за избор на боја за текстот,
16. алатка за избор на дебелина на линија со која е исцртан објектот,
17. алатка за избор на тип на линија со која се црта објектот,
18. алатка за поставување на стрелки на исцртана линија,
19. алатка за поставување сенка на исцртан објект,
20. алатка за тродимензионално претставување на исцртан објект.

Insert ---------> AutoShapes.
Се отвора прозорецот AutoShapes со неколку палети на графички симболи.
Кликнете на некоја палета, а потоа на симбол во палетата.
Кликнете во документот на местото каде што сакате да го поставите симболот или формата.
Држете го притиснато левото копче од глувчето
и влечете го по подлогата додека не ја постигнете саканата големина на симболот или формата.
Уметнички текст е текст со посебни ефекти, како: искосување, ротирање, сенка, различни стилови и големини на букви и слично.
Постапката за вметнување уметнички текст во документот е следна:
Кликнете на менито Insert ----------> Word Art
Се отвора прозорецот Word Art Gallery,
Кликнете на стилот којшто треба да го има текстот, а потоа на копчето.
Се отвора прозорец во кој се избира фонтот, стилот и големина на буквите со кои ќе се пишува текстот.
ПОСТАВУВАЊЕ СЛИКИ ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ
Текстовите на која било тема секогаш се поинтересни и попривлечни за оној за кого се наменети ако во нив има и слики со кои се надополнува и нагласува значењето на текстот.
Корисникот може да поставува во документот готови слики од
галеријата на програмата или свои слики (цртани во некоја графичка програма, фотографии, слики од Интернет итн).
Слики од фолдери на корисникот се внесуваат со
Insert → Picture → „From file“
по што се избира локацијата на сликата која треба да се постави во документот.