Pages

18. Работа со табели


Програмите за пишување овозможуваат уредување на текстот во табела.
Во табела може да се средат, на пример, лични податоци на ученици (име, презиме, одделение, дата на раѓање, домашна адреса и слично), податоци за распоред на часовите и слично.

Табелите се состојат од редици и колони. Пресекот на колона и
редица е правоаголник кој се вика клетка од табелата.




ПОСТАВУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ ТАБЕЛА ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ
Изгледот на табелата може да се уредува со избор на висина и ширина на колоните, поставување боја на подлогата во клетките, поставување на гранични линии со различен стил, дебелина и боја, спојување и разделување на клетки од табелата, додавање и бришење на редици и колони и сл.




Во програмите за работа со текст табели може да се постават со исцртување со соодветни алатки или преку наредби од менито.
Уредувањето на изгледот на табелите може да се прави преку алатки од соодветната лента за работа со табела или преку наредбите од менитоо за  работа со тебели


РАБОТА СО МЕНИТО ЗА ТАБЕЛИ
Со табели се работи преку менито Table (Табела).

Значењето на наредби од менито се:
1. Insert (Вметни) – внесување на табела со избор на број на редици и колони,
2. Delete (Избриши) – бришење на цела табела, селектирана редица, колона
или клетки од табелата,
3. „Split Cells“ („Раздели ќелии“) – разделување на избрана клетка на две или
повеќе клетки,
4. „Merge Cells“ („Спој ќелии“) – спојување на повеќе соседни клетки во една и други.


РАБОТА СО АЛАТКИТЕ ОД ЛЕНТАТА ЗА РАБОТА СО ТЕБЕЛИ
Поголемиот дел од наредбите во ова мени се претставени со алатки волентата со алатки „Tables and Borders“ (Табела). Многу брзо и лесно се креира и уредува изгледот на табела со алатките од лентата со алатки.

Функцијата на алатките од оваа лента со алатки е следна:
1. молив за цртање на табела со слободна рака,
2. гума за бришењена исцртани редици, колони или линии меѓу нацртаните
редици и колони во табелата,
3. алатка за избор на тип на линии во табелата,
4. избор на дебелина на линија,
5. избор на боја на линија,
6. избор на начин за исцртување на избраната линија,
7. боја на подлога на клетките во табелата,
8. избор на број на редици и колони во табелата,
9. спојување на селектирани редици или колони од табелата,
10. избрана клетка се дели на избран број редици или колони,
11. селектирание редици се поставуваат со иста широчина,
12. селектираните колони се поставуват со иста широчина,
13. вертикално испишување на текстот во клетката.