Pages

23. Основни концепти на програмирање


Основни концепти од програмирањето се:

-         редоследно извршување на инструкции
-         повторување (концепт на циклус)
-         гранење  (избор)
-         концепт на променливи


Пример: алгоритам за правење колач
-----------------------------------------------------------------------------
ПОЧЕТОК
ПОБАРАЈ го  готвачот на мајка ти
ПРОВЕРИ дали дома ги имаш сите  потребни состојки
јајца, шеќер, брашно, путер
АКО ги немаш сите состојки, ТОГАШ  оди до продавница
                                                     ИНАКУ почни со правење на колачот
ЗЕМИ  сад, миксер и вага
ОДДЕЛИ ги жолчката од белката
ДОДАЈ шеќер
ДОДАЈ путер
сите состојки добро ИЗМЕШАЈ ги
ИЗМАТИ  снег од белки
ДОДАДИ по  една лажица
                 снег од белки
                 брашно
                 Додека има состојки
ЗЕМИ  плех за печење
СТАВИ ја  смесата во садот
ВКЛУЧИ ја  рерната
ДОДЕКА Тестото  не се испече
                  печи на тивок оган
ИЗВАДИ го  колачот
СТАВИ шеќер на колачот
КРАЈ

--------------------------------------------------------------------------------


1. Редоследно (секвенцијално) извршување - инструкциите се извршуваат по редоследот на кој се напишани.

Пример:
-------------------------------------------------
ЗЕМИ  сад, миксер и вага
ОДДЕЛИ ги жолчката од белката
ДОДАЈ шеќер
ДОДАЈ Путер
--------------------------------------------------
За учење преку игри за совладување на концептот на редоследност кликни на линкот

2.Повторување (концепт на циклуси) 
- се користи кога една или повеќе инструкции се повторуваат одреден број на пати.

Пример1:
---------------------------------------
ДОДАДИ по  една лажица
                 снег од белки
                 брашно
              Додека има состојки
---------------------------------------



Пример2:
----------------------------------------
ДОДЕКА Тестото  не се испече
                  печи во тивок оган
-------------------------------------------

 Може да имаме две ситуации:
- Пред почетокот на повторувањето,  точно се знае колку пати треба да се повтори постапката,
- бројот на повторувања не е однапред познат и зависи од извршувањето на низа команди кои се повторуваат.

Низа на инструкции кои се повторуваат со команди кои го одредуваат повторувањето најчесто се нарекуваат циклуси.

За учење преку игри за совладување на концептот на повторување кликни на линкот


3.Гранење (Избор)
Кај гранење прво се поставув некој услов.
Условот може да биде вистина или невистина. Ако условот е исполнет се извршува некоја активност. Ако не е исполнет, активноста не се извршува, а може или немора да се изврши некоја друга активност.

Пример:
-------------------------------------------------------------------------------------
АКО ги немаш сите состојки, ТОГАШ  оди до продавница
                                                    ИНАКУ почни со правење на колачот
-------------------------------------------------------------------------------------

Пример:
“Ако времето е убаво ќе одам во парк. Инаку ќе останам дома.
“Ако светлото на семафорот е зелено помини ја улицата.“


4.Концепт на променливи
Вредноста на променливите можe да се менува во текот на извршувањето на програмата.

За учење преку игри за совладување на концептите на избор и променливи кликни  на линкот