Програма низа од инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер.
Компјутерот извршува
одредена програма како процес на
прецизно и недвосмислено следење и извршување на последователните
инструкции.
Поимот инструкција ќе го разбереме преку игра.
https://studio.code.org/s/course1/stage/1/puzzle/1https://studio.code.org/s/course1/stage/1/puzzle/2
https://studio.code.org/s/course1/stage/4/puzzle/1
Пример1
Помогни му на Бушавко да дојде до цветот.
Инструкции кои можат да ги задаваат се:
◦ → оди едно квадратче десно
◦ ↓ оди едно квадратче надолу
◦ ← оди едно квадратче лево
◦ ↑ оди едно квадратче нагоре
Пример 2
Треба да се програмира топка да се
движи по одредена патека (најкратката) и да стаса до определена цел.
Откако ќе се заврши алгоритамот програмата се пушта
да работи (топката ја поминува патеката) – тоа претставува извршување на
програмата.
Доколку алгоритамот е добро направен – правилен тогаш програмата ќе
се изврши до крај. Доколку има грешка компјутерот нема да може да ја изврши
програмата .
.
При извршување на програмите доколку се направи грешка во
алгоритамот топката не можеше да стаса до целта. Тогаш програмата треба да се поправи
т.е. да се дебагира.
Грешките може да се однесуваат на
неправилно напишани зборови од програмскиот јазик, неправилно користени или испуштени интерпукциски знаци и сл.
Пример: L=2*(а-b
грешка е – недостасува заграда на
крајот од изразот.
Пример: a=5
b=”Maja”
c= b-a
Логичка грешка – b е текст и не може да биде
намаленик.
ДЕБАГИРАЊЕ – поправање на грешки во програмата.Програмата се дебагира, повторно се пушта и се гледа дали работи точно.