Pages

29. Бинарни броеви. Кодирање + задачи

Бинарниот броен систем се користи од страна на скоро сите компјутерски системи и уреди. Тој ги користи цифрите 0 и 1. Цифрите 0 и 1 се викаат битови
Сите податоци можат да се запишат како секвенца (листа) од нули и единици. Пример: 101001001010
 Бинарен код претставува претворање на буквите на еден збор во бинарни броеви.


Замена на букви во зборови често се користи во разни делови од информатиката, за таканаречено кодирање или шифрирање
Една од најстарите процедури за шифрирање на текст е Цезаровата шифра. Шифрирање претставува процес на кодирање на порака или информација на таков начин што само овластени корисници може да ја пристапат и прочитаат. Од технички причини, процесот на шифрирање користи клуч создаден од алгоритам. 
Дешифрирање е обратниот процес, т.е. трансформација на шифрирана порака во разбирлива порака. Кај Цезаровата шифра најчесто се бира еден таен број (клуч), кој го означува бројот на поместувања во азбуката. На пример, ако имаме таен број 3, буквата B станува E, итн.



➪➪➪Логички натпреварувачки задачи  со Кодирање

--------------------------------------------------------------------------------