Pages

30. Растерска графика и паралелизација + задачи

Во информатиката, често се користат разни постапки за намалување на големината на датотеки, податоци кои се испраќаат од еден компјутер до друг и слично. Притоа, ова често се прави со разгледување на податоците како единици и нули, и откривање на шема каде што дел од единиците или нулите се повторуваат.


Компјутерите можат да извршуваат голем број на програми и процеси паралелно. Додека е вклучен нашиот компјутер, оперативниот систем треба на сите процеси да им даде простор за извршување - некои од овие процеси се претставени на екранот (игри, работа со текст, итн), додека други процеси се одвиваат во позадина (на пример, програми кои служат за борба со вируси). Слично како и кај оваа задача, некои процеси имаат поголем приоритет од други, и добиваат поголем дел од ресурсите кои ги поседува системот. 
Денешните компјутери можат да извршуваат процеси и паралелно (во исто време), но само во ограничен број (на пример, 2 или 4 процеси во исто време). Доколку оперативниот систем треба да им даде простор за извршување на 100 процеси, тој започнува со давање на ресурси на 2/4 процеси, па потоа нив ги паузира и им дава простор на други 2/4 процеси, итн.


➩➩➩Логички натпреварувачки задачи  со Растерска графика и паралелизација

--------------------------------------------------------------------------------------------------