Како комуницираат луѓето? Што е тоа природен јазик? Кои природни јазици ги знаеш?
Дали си слушнал за вештачки јазик и дали знаеш пример? Дали природните јазици се
добри за комуникација човек - компјутер? Зошто?
Јазикот е средство кое овозможува комуникација помеѓу луѓето.
Јазиците може да бидат:
- природни;
- вештачки.
За комуникација на луѓето меѓусебе се користат природните јазици. Природните јазици (македонски, англиски, руски, француски) настанале спонтано во дамнешни времиња и постојат група луѓе (народи, нации, племиња и сл.) кои го разбираат, зборуваат и размислуваат на него, односно го користат. Но, природните јазици поради својата
нееднозначност и непрецизност се недоволно строги и не се погодни за претставување
на специфични, на пр. математички информации.
За комуникација меѓу луѓето и машините (или меѓу две машини) се користат вештачки јазици. Пример за вештачки јазик: јазици за бележење на математички, физички или хемиски фомули, јазикот есперанто итн.
Програмски јазици, програмирање, програмер
За да работат компјутерите потребни се програми. Програмите се напишани на јазици
кои се специјално дизајнирани, со ограничено множество на инструкции. Овие јазици
се наречени програмски јазици.
Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување програми, односно
софтверот на компјутерот.
Компјутерско програмирање е процес на создавање на компјутерска програма со
користење на програмски јазик.
Од појавата на компјутерите до денес се развиени голем број програмски јазици. Тие се делат на три групи, и тоа:
-машински јазици
-симболички јазици
-виши програмски јазици.
Машинскиот јазик е јазикот на компјутерот. Тој е единствениот јазик што го разбира секој компјутер и на којшто непосредно работи. Се изразуваат само со нули и единици, т.е само со бинарни цифри.
Во почетокот програмските јазици личеле и по логиката на програмирањето биле
слични со машинскиот јазик . Тоа се симболички програмски јазици. Тие се на повисоко ниво од машинскиот јазик. Програмерите почнале да се служат со кратки и едноставни зборовинаречени симболи. Симболичкиот јазик се во голема мера разбирливи за човекот , но се неразбирливи за компјутерот.
Наместо да се учи мајчиниот јазик на компјутерот (машински јазик), развиени се виши програмски јазици кои имаат приказ на наредби слични на секојдневниот јазик. Пример: Fortran, Basic, Pascal, C (C++), Visual Basic, Java.
Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери.
Вежба: вметни ги поимите соодветно во цртежот
виши програмски јазик Pascal C
симболички јазик Java машински јазик