Активност 1: Внесување на пример програма
Од колку линии се состои програмскиот код?
Дали разликуваш делови во линиите? Кои?
Обиди се да направиш споредба на градбените делови од програмскиот јазик со градбените делови на говорниот јазик.
Кои градбени делови од програмскиот јазик ги препознаваш во програмата?
Воочи: Секоја линија во програмата претставува исказ, а исказот претставува инструкција за работа на компјутерот.
Секој исказ може да биде поделен на сегменти (делови) кои имаат одредено значење.
Градбени делови на програмскиот јазик се:
• зборови (клучни зборови од јазикот – резерви рани зборови со веќе дефинирано значење, имиња на променливи, објекти, операции, својства и сл.);
• оператори (математички, логички, релациони, за доделување);
• интерпункциски знаци (точки, наводници, загради и сл.);
• коментари (произволен текст од програмерот за објаснување на текот на програмата).
Активност 2:
Изврши ја програмата. Анализирај ги прикажаните резултати од изворната програма.
Каде се прикажаа резултатите? Кој исказ се изврши прв?
Промени го редоследот на исказите.
Изврши ја програмата.
Кој исказ сега се изврши прв?
Дали има исказ кој не се изврши?
Што можеш да заклучиш?