кои ја сочинуваат таканаречената околина за програмирање.
Програмската околина речиси секогаш се состои од едитор, компајлер, библиотека на
готови програми и дебагер.
Овие програми може да бидат посебни или меѓусебно поврзани - интегрирани во една програма која се вика интегрирана развојна околина (Integrated Development Environment - IDE) за програмскиот јазик.
Програмски едитор е специјално дизајниран текстуален едитор во IDE каде се
пишува изворниот код на програмата. Најчесто програмските едитори овзможуваат
синтаксичко маркирање во различна боја, автоматско порамнување на исказите,
автоматско комплетирање при пишување на исказите, синтаксни проверки, спарување
на загради и сл.
Библиотека на готови програми претставува фајл кој е колекција од веќе
напишани мали често користени програми во програмската околина. Има графички,
математички библиотеки и сл. Овие библиотечни програми може да бидат повикани и
извршени од новонапишаната програма со што им се олеснува на програмерите и се
скратува времето на развивањето на новата програма.
Програмски јазик Скреч
Скреч (Schratch) е визуелен виши програмски јазик со кој се креираат интересни
приказни, анимации, игри. Програмирањето во Скреч се базира врз правење на
проекти со помош на објекти, наречени фигури.
Работен прозорец на Scratch
Во меѓусебната кон верзација луѓето користат зборови кои ги групираат во реченици.
Со една или повеќе реченици во одреден редослед разменуваат информации и меѓусебно се
разбираат.
Во програмирањето, исказ е наредба која му кажува на компјутерот да направи нешто.
Може да се поистовети со команда или инструкција.
Во Скреч исказите се претставени во облик на блокови кои се поделени во 8 категории
- движења,
- погледи,
- звук,
- молив,
- контрола,
- распознавање,
- оператори и
- променливи.
Тие овозможуваат доделување инструкции на објектот - фигура.
За да се изврши исказ треба соодветниот блок да се извлече во областа со скрипти (програми) и потоа двојно да се кликне на него.
Резултатот по извршувањето на програмата се прикажува во просторот – Етапа.