Pages

4. Компјутерска историја

Од најстарите времиња уште кога не постоеле броевите такви какви што ги знаеме денес, луѓето имале потреба да ја бројат својата храна, животните, да пресметуваат и да ги сочуваат добиените резултати за следно користење.
   
ПОМАГАЛА ЗА СМЕТАЊЕ
Првите помагала за сметање биле човечките прсти, а поголемите количини биле пребројувани и пресметувани со помош на камчиња или стапчиња.

РАЧНИ УРЕДИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ
Првите уреди со кои луѓето се обиделе да си помогнат при пресметувањето биле рачните
уреди за пресметување.

Првата рачна сметалка била направена од Кинезите 3000 год. п.н.е. Се користела за пресметувања со големи броеви и се викала Абакус
Со него се изведувале доста брзо собирање, одземање, множење и делење.
Абакусот и денес се користи за пресметување во некои мали продавници во Кина и Јапонија.

МЕХАНИЧКИ УРЕДИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ

Во 19 век биле измислени и конструирани првите механички уреди за пресметување. Овие уреди за пресметување биле направени од запчаници,
осовини и тркала. Споредени со рачните уреди за пресметување, механичките уреди биле побрзи, поточни и можеле да извршуваат повеќе пресметки.
Во механичките уреди човекот ги внесувал податоците со рачно вртење на механизми и биле придвижувани од рачно навивани механизми.
Првиот механички уред за пресметување извршувал собирање на големи броеви. Се викал Паскалина по неговиот изумител Блејз Паскал.
Подоцна биле направени и други механички уреди за пресметување.
ОСНОВИ НА
ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧКИ УРЕДИ ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ
Со откритивањето и примената на електричната енергија човекот ги направил првите електромеханички уреди за пресметување. Податоците во овие уреди се внесувале и се чувале на дупчени картички. Првиот електромеханички уред кој подредувал и пребројувал внесени податоци бил
 уредот под името: Машина за табелирање на попис на население. Бил изумен од Херман Холерит во 1890 год.

Овој уред бил направен по барање на државата Америка за броење и групирање на податоците за бројот на населението (попис) од 1890 год.
Податоците од пописот, со машината на Холерит биле пребројани и групирани за 6 недели. За рачно пребројување и групирање би биле потребни 8 до 9 год.

ЕЛЕКТРОНСКИ УРЕДИ ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ
Првиот електронски компјутер
Со развојот на електрониката човекот ги конструирал првите електронски уреди за обработка на податоци. Првиот електронски компјутер се викал ENIAC 1  и бил направен во 1946 год. 

Во Америка за потребите на војската во II Светска војна.
Бил тежок 30 тона и голем колку фудбалско игралиште. Додека работел бил многу бучен. Главен електронски дел при неговата конструкција биле електронските ламби. Тие биле доста големи, ги имало во огромен број и многу често прегорувале.
За секоја нова обработка на податоци од Ениак, било потребно комплетно рачно преспојување на сите негови кабли и жици. Првиот електронски компјутер е модел според кој се направени и денешните компјутери.


Пронаоѓање на транзисторот  (II генерација на компјутери)
Во 1947/48 бил направен електронскиот уред под името транзистор.
 Транзисторот во компјутерите ги заменил дотогаш користените електронски ламби, ја намалил димензијата и ги зголемил можностите и брзината на работа.

Пронаоѓање на интегрирано коло или чипот (III генерација на компјутери)
Во 1958/59 год. е направен нов електронски уред под името интегрирано коло или чип. Чиповите во компјутерите ги замениле транзисторите и уште повеќе ги намалиле димензиите, а ги зголемиле можостите на новите компјутери. Првиот чип бил со големина на мал прст кај возрасен човек и се состоел од неколку транзистори.
Денешните чипови се помали од ноктот на палецот и можат да содржат стотици милиони транзистори.

Микропроцесор (IV генерација на компјутери)

Првиот мемориски и првиот процесорски чип
Во 1970 год. бил направен првиот мемориски чип, а во 1971 год. е направен првиот чип за обработка на податоци – микропроцесор.
Сè дотогаш компјутерите биле големи и сложени уреди кои се користеле само во големите фирми, истражувачките центри и сл. Но овие откритијата овозможиле да бидат направени првите компјутерите за лична употреба или персонални компјутери. Овие компјутери биле со мали димензии, едноставни за користење и со ниска цена.


ПЕРСОНАЛНИ КОМПЈУТЕРИ
Првиот успешен модел за персоналенкомпјутер се викал Apple I (Ејпл 1).
 
 Бил направен во Америка во 1976 год. од Стив Џобс и Стив Вознијак во гаражата на Стив Џобс. Имал дрвено куќиште. Бил направен за да се изложи на саем за електроника. На саемот доживеал голем успех и предизвикал голем интерес.

Според моделот на Apple I, следната 197година е направен првиот персонаеленкомпјутер под името Apple II. Бил направен од фирмата Apple computers на Џобс и Вознијак. Apple II не бил скап, бил едноставен за користење и заедно со него доаѓале програми на дискети и имал можност за прикажување на графиката на екран во неколку бои. Работел со наредби во вид на текст кои се внесувале преку тастатура. Бил многу популарен.
Во 1981 фирмата IBM (Ај Би Ем) го произведува својот прв персонален компјутер под името PC - Home Computer.