Pages

2. Ергономија



Ергономија е наука за дизајнирање опрема и уреди за работа, кои ќе бидат безбедни, удобни и здрави за човекот. Уредите од компјутерот кои се направени да го чуваат здравјето на корисникот на компјутерот и да му обезбедат попријатна работа се викаат ергономски уреди.

Неправилната положба при работа на компјутер може да предизвика болки во грбот, рамениците, вратот, зглобовите, главоболки, замор во очите. При работа на компјутер треба да се прават чести кратки паузи, да се одмараат очите со гледање во далечина и слично.


КАКО ПРАВИЛНО СЕ СЕДИ ПРЕД КОМПЈУТЕР

(1). Висината на столот треба да овозможи свиткување на нозете во колената под прав агол
(2). Горниот дел од мониторот треба да биде во висина наочите или нешто пониско а на растојание колку отприлика должината наиспружена рака
(3). Грбот треба да биде исправен и потпрен на наслонот од столот
(4).Рацете треба да бидат свиткани во лактот под прав агол
(5).Тастатурата треба да се наоѓа под дланките кога рацете се свиткани во лактовите под прав агол. Дланката и подлактниот дел од раката треба да бидат во права линија - паралелни со подот (зглобот да не биде свиткан)
(6).Стапалата треба да лежат на подот