Pages

19. ПЕЧАТЕЊЕ ДОКУМЕНТ . УРЕДУВАЊЕ НА СТРАНИЦА

ПОДГОТОВКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Крајната цел е уреден и отпечатен документ. 
Но, пред да се отпечати документот, треба да се уредат страниците:
- да се постават маргините, 
- форматот и ориентацијата на страниците и 
- да се нумерираат. 


Избор на печатар
Пред да се печати документот потребно е да се вклучи печатарот и да се провери дали во него има хартија. На еден компјутер може да има поврзано повеќе печтари и треба да се избере печатарот со кој ќе се работи.


Изглед на страницата 
Да го определиш изгледот на страниците во документот значи да ги определиш маргините, димензиите, положбата (ориентацијата), нумерирањето и другите елементи на страниците.

Поставување маргини и ориентација на страна
1 Повикај ја наредбата Page Setup од менито File.

  



2 Доколку не е активна картичката Margins, кликни на неа.
3 Ќе се отвори прозорец како на сликава.
4 Во првиот дел на Margins внеси ги вредностите за сите четири маргини:
Top – горната, Bottom – долната, Left – левата и Right – десната.
5 Во вториот дел – Orientation – одбери положба на страницата, т.е. дали сакаш да пишуваш по ширина (Portrait) или по должина (Landscape) на страницата.
6 Кликни на OK.


Формат и димензии на страницата

1 Повикај ја наредбата Page Setup од менито File.
2 Кликни на картичката Paper.
3 Ќе се отвори прозорец како на сликава.


4 Во делот Paper size одбери една од понудените димензии на страница или внеси вредности во полињата Width (ширина) и Height (висина).
5 Кликни на OK.


Печатење на документот

Доколку сакаш да ги отпечатиш сите страници од документот во еден примерок, доволно е да кликнеш на алатката (Print) од стандардната лента.
Можеш да ја повикаш наредбата Print од менито File, по што ќе се отвори прозорец од кој можеш да одбереш:
- кои страници да се отпечатат (Page range) и 
- во колку примероци (Number of copies).


Може да се отпрчати целиот документ или страници по избор.
ALL- Ако се печати целиот документ
Curent Page- се печати тековната страница
Pages- се печатат страници по избор
           
Ако во полето Pages  се запише   5-16    тоа значи дека ќе се отпечатат сите страници од 5 до 16.
Ако во полето Pages  се запише   5,16    тоа значи дека ќе се отпечати само 5 и 16 страница.