Алгоритам претставува определен број на јасно дефинирани кратки и прости инструкции (чекори) со точно зададен редослед со цел извршување на одредена задача, или решавање на зададен проблем.
Примери на алгоритми од секојдневниот живот
1. Јавување по телефон.
Чекор 1: Дигни ја слушалката.
Чекор 2: Сврти го бројот.
Чекор 3: Почекај да се јави личноста.
Чекор 4: Зборувај со личноста.
Чекор 5: Спушти ја слушалката.
2. Рецепт за чоколадна торта
Состојки: 400 г. чоколада, 3 јајца, 1 маргарин, 1 пакетче ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 1 чаша брашно.
Чекор 1: Стопи ги чоколадата и маргаринот.
Чекор 2: Истури го шеќерот во стопената чоколада и измешај.
Чекор 3: Истури ги јајцата и ванилата и измешај.
Чекор 4: Истури го брашното и измешај.
Чекор 5: Добиената смеса истури ја во тавче.
Чекор 6: Печи на 250 степени околу 40 минути.
Чекор 7: Се остава да се излади и се јаде.
Кои карактеристики треба да ги има добриот алгоритам?
• Алгоритмите треба да се недвосмислени, јасни, прецизни - секоја инструкција треба да е јасно определена.
• Треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на инструкциите.
• Алгоритамот треба да е разбирлив за секого, независно кој го напишал.
За даден проблем може да се напишат различни алгоритми и сите тие да бидат правилни, т.е. да даваат точно решение.
Се што правиме во секојдневниот
живот го правиме во чекори. Доколку некој чекор прескокниме задачата нема да се реши.
Погледнете видео во кое се даваат насоки како да се намачка една кришка со џем.
Алгоритамот може да се прикаже на два начини:
текстуално и графички.
1 чекор . Нацртај една хоризонтална линија
- 2 чекор Од левиот крај нацртај малку помала линија вертикално нагоре
- 3 чекор. Од десниот крај нацртај линија вертикално нагоре со иста должина како претходната
- 4 чекор Од средината нацртај линија од вертикално нагоре
б) графички
Графичкото претставување дава поголемата
прегледност на текот на дејствата во алгоритамот.
Графичкото преставување е непогодно за поголем
алгоритам кој може да зафати повеќе страници, во кои тешко би се снаоѓале.