Pages

21. Програма како дел од софтверот, улогата на програмите во компјутерот.


Компјутерите не работат ништо без некој да им каже што да прават. За компјутерот да направи нешто, мора да му се дадат инструкции - чекор по чекор.

Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер.


Системските програми управуваат со работата на компјутерот. 
Апликативните програми се наменети за извршување на конкретна обработка на податоците со компјутер кои уште се нарекуваат апликации.



Дали програмите се дел од софтверот? Кои се разликите помеѓу алгоритам и програма? Кои програми ги познаваш?

Алгоритмите се поопшти и поапстактни од програмите.
Еден алгоритам може да биде решен од човек или машина, или од двете. 
Програмата мора да биде извршена од компјутер. 
Врската помеѓу програма, алгоритам и податоци е дадена во формулата на NiklausWirth (автор на јазикот Pascal)

Програма = Алгоритам + Податоци

Пример:
Проблем: Задавање упатство каде се наоѓа кабинетот по информатика во училиштето.
Чекор 1: Влези во училиштето на главниот влез.
Чекор 2: Оди право.
Чекор 3: .......

При создавање програма мора да се даде одговор на прашањата:
1. Како ќе се идентификува главниот влез во училиштето?
2. Колку треба да се оди право?
3. .....

Улогата на програмата во компјутерот
Што е задача на програмите? Кои програми учениците ги користеле при работата со компјутер? 
Програмите му кажуваат на компјутерот како да реши одреден проблем. Всушност, задача на програмите е да му кажат на компјутерот како да ги прифати влезните податоци, да оперира со нив и да врати излезни податоци.  


Дали само компјутерите користат програми? Каде во секојдневниот живот се сре ќа ва - ме со програми?
Програмите не се користат само во работата со компјутер. ТВ - уредите, музичките системи, клима уредите можат да се програмираат и со нив да се управува од одредено растојание. Тоа значи дека овие уреди користат програми кои се вградени.
 Пример:
Tелевизорот за да може да ги разбере влезните команди што ги испраќа корисникот преку далечинскиот управувач мора да има вградено програма. Врз основа на добиената команда, чипот во кој е испрограмирана логиката на телевизорот иницира одредена активност, т.е. поттикнува други електронски компненти.